x

Ве молиме изберете го вашиот јазик

ОСВОЈТЕ УЧЕСТВО ВО КАРАТЕ-КАМПОТ POWER RANGERS

Да, така е! Усовршете ја играта Power Up и добијте шанса да освоите ексклузивно учество во карате-кампот POWER RANGERS. Тука се вклучени патување до кампот и сместување.

Играјте и освојте!

мени

јазици



Правила на натпреварот

ЧЛЕН 1

Се организира бесплатен натпревар без обврски за купување од Panasonic Energy Europe NV, Brusselsesteenweg 502, 1731 Зелик, Белгија, од 15.04.2021 година до 30.12.2021 година. Во натпреварот може да учествувате само преку веб-страницата на натпреварот (poweryourday.win).

ЧЛЕН 2

Натпреварот е отворен за возрасни постари од осумнаесет години (или помлади лица со дозвола од родители), жители на следниве држави: Албанија, Австрија, Белгија, Бугарија, Хрватска, Република Чешка, Данска, Естонија, Финска, Франција, Германија, Грција, Унгарија, Ирска, Италија, Летонија, Литванија, Луксембург, Република Северна Македонија, Малта, Норвешка, Полска, Португалија, Романија, Република Словачка, Шпанија, Шведска, Швајцарија, Холандија, Турција, Обединето Кралство, Украина. Исклучок се жителите на оние држави кои работат за Panasonic Energy Europe NV и Hasbro, Inc. и вработените во центарот кои го координираат натпреварот, заедно со нивните најблиски семејства (вклучително прво колено). Panasonic Energy Europe NV има право да исклучи лице од учеството во кое било време (и без обврска да дава објаснување) за одредено време во текот на натпреварот организиран од Panasonic Energy Europe NV врз основа на неговото прекршување, или сомневање за прекршување, на едно од правилата и условите за учество или во случај на злоупотреба, престап или измамничко учество во натпреварот. Учество во натпреварот на организиран начин и/или како група ќе се смета за измама и автоматски ќе доведе до исклучување. Со ова ве известуваме дека Panasonic Energy Europe NV има имплементирано одредени мерки против измамничко однесување, вклучително и откривање практики, како што е обемната употреба на една единствена IP-адреса.

ЧЛЕН 3

За да се вклучат во натпреварот, учесниците мора да ја следат постапката како што е наведена на веб-страницата (poweryourday.win) и да се регистрираат со користење на важечка е-пошта. Не постои друг начин на учество во овој натпревар освен така како што е наведено во овие правила. Какви било непотполни или неправилно форматирани пријави за учество на натпреварот ќе се сметаат за неважечки.

ЧЛЕН 4

За да учествуваат на натпреварот, учесниците мора точно и целосно да го достават следното преку веб-страницата (poweryourday.win):

  • Регистрацијата на нивниот резултат по играњето на играта POWER UP на poweryourday.win (1 поле)
  • Нивниот одговор на решавачкиот предизвик за месечната награда (1 поле)
  • Нивниот одговор на решавачкиот предизвик за главната награда (1 поле)
  • Нивните податоци во формуларот за натпреварот на Panasonic (4 полиња);
  • Одобрување за објавување резултати од играта (1 поле за штиклирање - опционално)
  • Одобрување на правилата за натпреварот и политиката на приватност (2 полиња за штиклирање).

ЧЛЕН 5

Победници се:

Првонаградени победници (3): учесникот што имал најголем резултат во играта POWER UP на poweryourday.win. Во случај кога е изедначено, ќе одлучи решавачкиот предизвик за главната награда. Првонаградените победници ќе добијат посета на карате-кампот POWER RANGERS на тајна локација, вклучувајќи и лет и 3 ноќевања во луксузен хотел. Секој победник може да земе придружник.

Второнаградени (50): на крајот на натпреварувањето, 50 учесници со највисок резултат во играта POWER UP (покрај првонаградените) ќе добијат Dino Fury Morpher од POWER RANGERS и Nerf Ultra AMP. Наградите ќе бидат објавени на poweryourday.win/mk/prizes. Во случај кога е изедначено, ќе одлучи решавачкиот предизвик за главната награда.

Месечни добитници (25): Секој месец, 25 победници ќе бидат учесниците кои најблизу ќе го погодат точниот одговор на дополнителното прашање од формуларот за натпреварот. Во случај на изедначено, учесникот што прв го внел неговиот/нејзиниот одговор ќе биде победник. Наградите за секој месец ќе бидат објавувани на poweryourday.win/mk/prizes. Месечни награди се:

  • 5 x Nerf Ultra Amp и POWER RANGERS Battle Attackers 2 пакувања (5 најдобри одговори)
  • 20 x Nerf Elite 2.0 Phoenix CS-6 и POWER RANGERS Battle Attackers 2 пакувања (одговори 6-25)

Секој поединец може да учествува на натпреварот само еднаш секој месец, со 1 важечка е-пошта. Учесниците може да освојат максимум 2 месечни награди, како и прва награда или 1 награда за второ место на крајот од натпреварот. Поединците ќе нема да можат да освојат месечна награда или награда за второ место ако ја имаат истата IP-адреса или физичка адреса.

ЧЛЕН 6

Panasonic Energy Europe NV ќе контактира по пат на е-пошта со 25 месечни добитници во текот на седмицата што следи откако ќе заврши месецот во кој се пријавиле на натпреварот (прва седмица од следниот месец) и ќе побара од нив да го потврдат нивното целосно име, е-пошта, датум на раѓање и број на телефон пред петокот од наредната седмица (втора седмица од месецот).

Panasonic Energy Europe NV ќе контактира со првонаградените победници и второнаградените преку е-пошта пред петок, 21 јануари 2022 г. и ќе побара да го потврдат нивното целосно име, е-пошта, датум на раѓање и број на телефон пред петок, 4 февруари 2022 г.

Доколку не се обезбедат овие податоци, наградите ќе бидат повлечени. Panasonic Energy Europe NV го задржува правото да го провери идентитетот и потребната минимална возраст за да може да ја додели наградата. Ако добитниците не потврдат дека ја прифаќаат наградата во дадениот рок, тогаш Panasonic Energy Europe NV има право да избере друг победник и да ја додели наградата на тоа лице.

ЧЛЕН 7

Наградите не може да се поделат и мора да се примат какви што се. Наградите може да им се доделат само на победниците и не може да се префрлат на други. Победниците немаат право да ја бараат готовинската вредност на наградата што им се нуди, ниту пак можат да ги сменат наградите за алтернативни производи. Победниците ќе ги добијат своите награди по пошта откако ќе ја потврдат нивната официјална адреса.

ЧЛЕН 8

Панасоник Energy Europe NV нема да биде обврзан да надоместува, рефундира или да заменува за готовина какво било губења или кражба. Апсолутно не доаѓа предвид никаков договор за готовинска исплата. Panasonic Energy Europe NV може да ги замени понудените награди со такви со слична или поголема вредност доколку тоа биде потребно поради причини на достапност. Panasonic Energy Europe NV го задржува правото да постапи на тој начин.

ЧЛЕН 9

Panasonic Energy Europe NV не дава и не нуди гаранции за наградите и нема да биде одговорен за:

  • кражба, губење, штета, несреќа или трошоци од каква било природа, вклучувајќи ги оние што може да бидат директна или индиректна последица на учеството во ова натпреварување, распределувањето на наградите или за начинот на кој наградите може да се користат;
  • какво било губење, доцнење, откажување од трето лице (авионски превозник, патничка агенција, компанија за достава и сл.);
  • какво било доцнење при испораката на писма или пакети од страна на поштенската служба;
  • какви било технички проблеми на веб-страницата и/или во системот за е-пошта или каква било можна некомпатибилност помеѓу технологиите што се користени за натпреварувањето и хардверот и/или софтверската конфигурација користена од страна на учесникот;
  • какви било дополнителни трошоци направени од победникот за да има придобивки или да ја искористи наградата;
  • решение или одбивање од каков било државен орган што го спречува или му забранува на корисникот да ја користи наградата вклучувајќи и, но не ограничувајќи се на, владини мерки/рестрикции поради пандемијата на COVID-19.
  • Решение или одбивање од каков било државен орган што спречува Panasonic Energy Europe NV да ја понуди наградата вклучувајќи и, но не ограничувајќи се на, владини мерки/рестрикции поради пандемијата на COVID-19.

Дополнително, секој учесник што ќе се обиде да го загрози соодветниот напредок на натпреварувањето ќе биде исклучен од учество.

ЧЛЕН 10

Сите трошоци настанати од учеството во натпреварот ќе бидат во целост подмирени од страна на учесникот. Под никакви околности учесниците не може да бараат поврат на трошоците за учество од организаторот.

ЧЛЕН 11

Panasonic Energy Europe NV го задржува правото да ги измени правилата на натпреварот без претходно известување или да го скрати или откаже натпреварот доколку тоа е потребно поради непредвидени околности или околности надвор од нејзината контрола. Под никакви околности таквите настани нема да оправдаат какви било барања против Panasonic Energy Europe NV.

ЧЛЕН 12

Со учество во овој натпревар, целосно ги прифаќате сите правила. Во случај на какви било практични потешкотии, Panasonic Energy Europe NV ќе ја донесе конечната одлука во врска со примената или толкувањето на правилата. Сите приговори во врска со ова натпреварување мора да се направат на писмено, во рок од седум работни дена и да се испратат до главното седиште на Panasonic Energy Europe NV (Brusselsesteenweg 502, 1731 Зелик, Белгија). Под никакви околности жалбите нема да се дискутираат лице в лице или по телефон. Жалбите што нема да бидат поднесени во рамките на определеното време нема да се разгледуваат.

ЧЛЕН 13

Со вклучувањето во натпреварот се согласувате сите лични информации што ги давате да се чуваат и користат од страна на Panasonic Energy Europe NV Brusselsesteenweg 502, 1731 Зелик, Белгија и од следново трето лице како нивни добавувач за администрирање на натпреварот во согласност со релевантната политика за приватност:

BBC Ark bv, Koningin Astridlaan 185, 9000 Гент, Белгија

ЧЛЕН 14

Овие правила се во надлежност на белгиското законодавство. Судовите во Белгија ја имаат единствената надлежност да решаваат какви било спорови што можат да произлезат од овој натпревар.

ЧЛЕН 15

Сите прашања за овој натпревар ќе се одговараат само написмено.

ЧЛЕН 16

Победниците се согласуваат да учествуваат во секаков вид рекламирање или промоции поврзани со доделувањето на нивните награди.