x

Ве молиме изберете го вашиот јазик

ОСВОЈТЕ УЧЕСТВО ВО КАРАТЕ-КАМПОТ POWER RANGERS

Да, така е! Усовршете ја играта Power Up и добијте шанса да освоите ексклузивно учество во карате-кампот POWER RANGERS. Тука се вклучени патување до кампот и сместување.

Играјте и освојте!

мени

јазици



ЗАШТИТА НА ПОДАТОЦИ
И ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПРИВАТНОСТ

Оваа Заштита на податоци и известување за приватност го опфаќа натпреварот Power Your Day.

Во согласност со регулативите за заштита на приватноста на податоците на некои држави, ова Известување утврдува кој е одговорен за собирање на вашите податоци, кои лични податоци се собираат и како се обработуваат, целите и законската основа за обработката, колку долго ги задржуваме личните податоци, вашите права, како да пристапите до личните податоци и каде да се обратите за дополнителни информации.

1. Општо

Panasonic Energy Europe NV, Brusselsesteenweg 502, 1731 Зелик, Белгија, со број на регистрација 0414.688.361, го организира натпреварот Power Your Day („Натпреварот“) за поединци, што започнува од 15.04.2021 година до 30.12.2021 година.

Натпреварот Power Your Day е достапен само за лица што живеат во следниве држави: Албанија, Австрија, Белгија, Бугарија, Хрватска, Република Чешка, Данска, Естонија, Финска, Франција, Германија, Грција, Унгарија, Ирска, Италија, Летонија, Литванија, Луксембург, Република Северна Македонија, Малта, Норвешка, Полска, Португалија, Романија, Република Словачка, Шпанија, Шведска, Швајцарија, Холандија, Турција, Обединето Кралство, Украина.

Натпреварот се спроведува од трето лице давател на услуги, BBC Ark bv, Koningin Astridlaan 185, 9000 Гент, Белгија.

Сите дополнителни услови за учество на натпреварот може да се видат во Правила на натпреварот.

2. Кој е одговорен за собирање на вашите лични податоци?

Panasonic Energy Europe NV како независен контролор (или кратко „Panasonic“) е одговорен за собирање на вашите лични податоци. Дополнителни информации може да се добијат, видете Дел 6 подолу.

3. Која е целта и законската основа за обработка на вашите лични податоци?

Panasonic ќе ги обработува вашите лични податоци (кои се наведени подолу) со цел да се спроведе Натпреварот.

Вашите лични податоци ќе бидат обработени врз основа на согласност. Учесниците во натпреварот ќе бидат информирани за обработката и ќе бидат прашани да штиклираат поле („Се согласувам моите лични податоци да се користат за одржување на овој натпревар, во согласност со важечката Политика за приватност“) пред да се вклучат во натпреварот како што е наведено во Општата регулатива за заштита на податоци (GDPR). Обработката вклучува само ограничени и неопходни информации. До личните податоци ќе се пристапува само ако тоа е неопходно.

4. Кои лични податоци се собираат и како се обработуваат?

Лични податоци

Следните податоци ќе бидат собирани од сите учесници: прекар, име, е-пошта, IP-адреса и држава на живеење.

Од сите победници на натпреварот ќе бидат собрани следниве дополнителни лични податоци: презиме, адреса, број на телефон, датум на раѓање.

Како се обработуваат личните податоци?

Вашите лични податоци ќе бидат зачувани во база на податоци која е поставена на сервери што се хостирани и управувани во Ирска од страна на Panasonic Energy Europe NV и BCC Ark bv. BCC Ark bv има склучено договорни обврски со Panasonic за обезбедување на вашите лични податоци. BCC Ark bv е посветена на одржување на строги практики за приватност и безбедност.

Вашите лични податоци може да се споделуваат со трети лица даватели на услуги (пр. за испраќање е-пошта), до степенот неопходен за целта на спроведување на натпреварот. BCC Ark bv има стапено во договорни обврски со овие трети лица за да се осигураат вашите лични податоци.

BCC Ark bv може да ги сподели со Panasonic следниве извештаи и информации:

  • Преглед на сите пријави (сите собрани лични податоци за сите учесници)
  • Сите собрани лични податоци за сите победници
  • Аналитичка информација за веб-страницата (статистика на Google Analytics: број на посетители на веб-страницата, сесии, уреди, прегледувачи...)

Вашите лични податоци ќе се чуваат додека е неопходно за да се исполнат нашите правни, законски или финансиски потреби.

5. Кои се вашите права според законската регулатива за заштита на податоци?

Може да пристапите до вашите лични податоци и да побарате корекции кои се предмет на условите и ограничувањата наведени во важечкиот закон.

Ако сте лоцирани во ЕУ/ЕЕЗ, вашите права според Општата регулатива за заштита на податоци („GDPR“) го вклучуваат правото на пристап до вашите лични податоци и на добивање копија и правото да барате корекција или ажурирање на какви било неточни лични податоци и правото да се жалите или да ја ограничите обработката на вашите лични податоци според условите што се наведени во GDPR. Исто така, имате право да побарате бришење на вашите лични податоци под одредени услови. Дополнително, исто така имате право на пренос на податоците во одредени случаи. Тоа е правото да побарате враќање на личните податоци што сте ни ги дале во структуриран, вообичаено користен формат што може да се чита од машина и да побарате нивно пренесување до трето лице, каде што е технички изводливо, без да биде попречено од наша страна и како предмет на вашите сопствени обврски за доверливост.

Ако сакате да го искористите кое било од горе наведените права или сакате да добиете дополнителни информации, може да контактирате со нас на:

  1. По пошта: Protection of Personal Data, Panasonic Energy Europe NV, Brusselsesteenweg 502, 1731 Zellik, Belgium
  2. Со формулар за контакт: https://www.panasonic-batteries.com/en/contact/

Ќе одговориме на вашето барање без непотребно оддолжување и не подоцна од еден месец од примањето на таквото барање, освен ако не е дозволен подолг период според важечките закони за заштита на податоци.

Покрај вашите права наведени погоре, можете да доставите жалба до надлежен надзорен орган ако не сте задоволни од начинот на кој ги обработуваме вашите лични податоци.

6. Кого може да контактирам за дополнителни информации?

  1. По пошта: Protection of Personal Data, Panasonic Energy Europe NV, Brusselsesteenweg 502, 1731 Zellik, Belgium
  2. Со формулар за контакт: https://www.panasonic-batteries.com/en/contact/